Обуката за наставници по физичко и здравствено образование за работа со учениците со аутизам како дел од проектот P.E.rfect


Posted December 10, 2024 by SinaSvetulka

На 25 Октомври, во салата „Народни херои“ во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје беше одржана обуката за наставници по физичко и здравствено образование за работа со учениците со аутизам во редовните основни училишта.

 
И покрај тоа што обуката беше предвидена за 10 наставници, присуствуваа 30 наставници од цела Македонија. На почеток, беа запознаени со целта и резултатите на проектот, со платформата за онлајн учење, како и со основните информации за карактеристиките на децата со аутизам и предизвиците во наставата по физичко образование од страна на Доц. д-р Јасмина Трошанска. Потоа, практичните активности беа водени од Проф-д-р Андријана Зафировска и Марина Пешиќ.
Тренингот помина во одлична атмосфера, а евалуацијата ни покажа дека наставниците по физичко и здравствено образование за прв пат посетуваат обука која е практична и соодветна на нивните потреби.
Наставниците покажаа интерес за уште поинтензивна и подетална обука во областа на комуникација со децата со аутизам и работа на социјалните вештини со цел постигнување на поголема инклузивност на децата на нивните часови.

Се надеваме дека во иднина ќе продолжиме со соработката и ќе влијаеме на подобрување на квалитетот на образованието на децата со аутизам во Македонија.
-- END ---
Share Facebook Twitter
Print Friendly and PDF DisclaimerReport Abuse
Contact Email [email protected]
Issued By Jasmina Troshanska
Country Macedonia
Categories Design , Education , Sports
Last Updated December 10, 2024